Macedonia Underground
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Чак Норис

Go down

Чак Норис Empty Чак Норис

Пишување by BOKI Саб Мај 31, 2008 6:28 pm

-Солзите на Чак Норис лечат рак. Штета што тој никогаш не плаче.

- Чак Норис не чита книги. Тој зјапа во нив се додека не ги изнуди информациите кои му требаат.

- Чак Норис е како куче. Тој не само што може да намириса страв туку може и да се измоча на што сака.

- Чак Норис има изброено до бесконечноста - ДВА ПАТИ.

- Чак Норис не оди на лов, бидејќи зборот ловење дозволува да се промаши. Тој оди да убива.

- Чак Норис не спие. Тој чека.

- Чак Норис си ја продал душата на ѓаволот за добар изглед и неспоредливи боречки способности. Кратко откако трампата беше направена, Чак Норис го мавна ѓаволот во глава и си ја зема душата назад. Ѓаволот, кој сака иронија, не можеше да се налути и призна дека требал да претпостави што ќе му се случи. Сега двајцата играат покер секоја втора среда во месецот.

- Кога Баба Рога оди да спие прво проверува да не се крие Чак Норис во нејзиниот плакар.

- Чак Норис го тужи НБЦ, тврдејќи дека РЕДОТ и ЗАКОНОТ се брендови на неговата лева и десна нога.

- Главен извозен артикл на Чак Норис е болката.

- Чак Норис направи временска машина и се врати назад за да го спречи атентатот на Кенеди. Кога Освалд пукаше, Чак ги пресретна сите три куршуми со својата брада и ги одби а главата на ЏФК експлодираше од чисто одушевување.

- Чак Норис спие со запалена ламба. Не зато што Чак Норис се плаши од темнината туку затоа што темнината се плаши од Чак Норис.

- Како тинејџер Чак Норис ги затрудне сите калуѓерки во манастирот блузи Мајами. Девет месеци подоцна калуѓерките го родија тимот на Мајами Долфинс единствената непоразена екипа во историјата на професионалниот фудбал.

- Чак Норис ја измисли лажицата. Бидејќи убивањето со нож е многу лесно.

- За да докаже дека ракот може да се победи, Чак Норис две години пушеше по 15 кутии дневно. Доби седум видови рак од кои се ослободуваше со 30-минутно вежбање.

- Во филмот "Враќање во иднината" колата на Чак Норис беше употребена за патување напред и назад во времето. Кога му ја вратија колата гребната Чак Норис неможеше да се воздржи да не му ја учука на Мајкл Џи Фокс што подоцна доведе до Паркинсонова болест.

- Чак Норис еднаш изеде 72 стека за еден час. Првите 45 минути ги помина во водење љубов со келнерката.

- Џими Хофа е закопан во Чак Норис.

- Диносаурус еднаш го има погледнато попреку Чак Норис. ЕДНАШ.

- Ако Чак Норис доцни на времето му е најпаметно малку да успори.

- Знакот за паркирање на хендикепирани всушност не е тоа. Тој само покажува како ќе изгледате ако му го фатите местото на Чак Норис.

- Чак Норис еднаш беше на Марс. Од тогаш, на Марс нема знаци на живот.

- Некои деца можат да си го измочаат името во снег. Чак Норис може да си го измоча името во бетон.

- Календарот на Чак Норис од 31 Март преминува ваднаш на 2 Април- никој не го заебува Чак Норис

- Водечките средства за хигиена тврдат дека убиваат 99,9% од бактериите. Чак Норис може да убие 100% од што сака.

- На тест по математика во средно, Чак Норис напиша “Насилство” како одговор на секое прашање. Доби 5+, затоа што Чак Норис ги решава сите проблеми со Насилство.

- Доколку на Google погрешно го спелувате Чак Норис, нема да ви се покаже “Did you mean Chuck Norris?”, туку ќе добиете одговор: “Run while you still have the chance.”.

- Чак Норис умре пред 10 години, но Смртта нема храброст да му каже.

- Сите деца носат маички со Супермен. Супермен носи маичка со Чак Норис.

- Еднаш кобра го касна Чак Норис за нога. По 5 дена неиздржлива болка, кобрата умре.
- Жирафите настанале кога Чак Норис му удрил аперкат на коњ.

- Кога Чак Норис ви покажува среден прст, тој всушност ви кажува уште колку секунди ќе живеете.

- Кучето на Чак Норис е истренирано да си го собира сопствениот измет, затоа што Чак Норис не трпи срања од никого.

- Најубавата помисла веднаш штом ќе се разбудите, е помислата дека Чак Норис не ве убил на спиење.

- Бил Гејтс живее во постојан страв да не му се расипе компјутерот на Чак Норис.

- Чак Норис игра руски рулет со револвер со наполнет шаржер....... И победува.

- Чак Норис може да направи Снешко од дожд.

- Чак Норис никогаш не се повлекува, тој само напаѓа на спротивната насока.

- Кога Чак Норис влегува во темна соба, тој не го пали светлото, туку ја гаси темнината.

- Чак Норис еднаш доби срцев напад. Срцето изгуби.

- Бебињата плачат кога ќе се родат, затоа што знаат дека доаѓаат на свет на кој живее Чак Норис.

- Се смета за големо достигнување ако успеете да се пуштите по Водопадите на Нијагара во дрвено буре. Чак Норис може да се качи по Водопадите на Нијагара во картонска кутија.

- Чак Норис може да удави риба.

- Чак Норис може да ве задави со безжичен телефон.

- На Чак Норис му беше понудена улога како Фродо во Господар на Прстените. Чак Норис одби, затоа што (цитирам): “Only a pussy needs three movies to destroy a piece of jewelery”.

- Чак Норис не знае каде живеете, но знае каде ќе умрете.

- Единствен пат кога Чак Норис не беше во право е кога мислеше дека направил грешка.

- Куршумите го одбегнуваат Чак Норис.

- Сите знаеме дека магичниот збор е “те молам”. Како во реченицата: “Те молам не ме убивај”. Штета што Чак Норис не верува во магија.

- Кога Господ рече : “Нека биде светлина”, Чак Норис рече: “Кажи те молам”.
BOKI
BOKI
Лисец

Male Број на мислења : 48
Age : 32
Локација : pojma neam kaj sum
Интереси : ELEKTRONIKA, SPIENJE I JADENJE
Registration date : 2008-05-29

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот